Топ
Седум лица повредени – тешка сообраќајна несреќа кај Три Чешми

На 11.5.2023, во 19.45 часот, на патот Штип – Велес било пријавено дека кај населбата Три Чешми се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат стило“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С. С. (53) од с. Ерџелија, Свети Николе, и патничко моторно возило „форд“, со штипски регистарски ознаки, управувано од М. З. (63) од Штип.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот М. З. а телесни повреди добиле сопатниците од возилото „фиат стило“, Б. Ј. (45), Б. С. (37), Д. С. (40), сите од Свети Николе, како и сопатниците од другото возило – В. П. (60), С. Д. (18) и А. Р. (43), сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од екипа на СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп ги коментираше изборите во Германија: Ова е одличен ден

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија.
„Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на многу важни и долгоочекувани избори. Слично како и во САД, народот во Германија се умори од политиката без здрав разум, особено во однос на енергијата и имиграцијата, кои преовладуваат со години. Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на Доналд Џ. Трамп. Честитки до сите – претстојат уште многу победи“, рече тој.
Излезноста на овие избори, 84 отсто, беше највисока од обединувањето на Германија.
Европа
Мерц: Победивме

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора политичка сила, според првите излезни анкети.
Фридрих Мерц, лидерот на Демохристијаните (ЦДУ), им се обрати на поддржувачите во Берлин по објавувањето на излезните анкети.
„Победивме на овие избори“, изјави тој со громогласен аплауз.
Неговата партија, заедно со нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), освои вкупно 29 отсто од гласовите, според непотврдените излезни анкети.
„Она што сакам да им го кажам на нашите гласачи е ви благодарам што ја дадовте довербата во нас, во мене лично и во нашата партија, бидејќи знам што значи тоа во однос на одговорноста“, продолжи тој.
„И јас сум свесен за обемот на работата пред нас. Ја преземам таа одговорност со најголема почит“.
Тој нагласи дека е неопходно брзо да се формира коалиција.
„Надворешниот свет нема да не чека“, рече тој.
„Сега ќе разговараме меѓусебно и мора да формираме одржлива влада во Германија што е можно поскоро – влада која може да дејствува врз основа на мнозинство“.
Топ
Почина 21-годишен осуденик: бил донесен во Клиничката болница Штип со знаци на труење

Вчера во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип со знаци на труење бил донесен осуденикот Е.А.(21) од Штип, кој по кратко време починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.