Црна хроника
Седум лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Околу пладне на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која повредени се вкупно седум лица.
Како што извести СВР Тетово, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди” со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар.
Во несреќата, возачот на „аудито” и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.
Црна хроника
Малолетни девојчиња тепале врсничка, ја снимале, а видеото го објавиле на социјалните мрежи

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(39) од с.Бардовци, скопско, пријави дека на 09.10.2025 околу 13:00 часот на игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, а настанот бил снимен со телефон и споеделен на социјални мрежи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник од Скопје натепан, па удрен со возило

Малолетник од скопски Сарај вчера бил нападнат од две лица, кои подоцна го удриле и со возило пред трговски центар.
Според информациите на полциијата, на 10.10.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје, малолетник од село Сарај, скопско, пријави дека пред средно училиште на подрачјето на општина Сарај, скопско, бил физички нападнат од И.С.(18) од с.Глумово, општина Сарај и уште едно лице, при што едниот употребил тврд предмет.
Според пријавеното, подоцна и пред трговски центар на подрачјето на Сарај во Скопје го удриле со патничко возило „сеат леон“.