Црна хроника
Се возело и со 213 километри на час, 297 возачи казнети за брзо возење на територијата на државата

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 297 возачи. Според информации од МВР, забележан е возач со брзина од 213 километри на час.
Полицијата соопшти дека 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Четирицикл се преврте во Тетовско: две лица повредени

Вчера во 17:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Синичане, општина Боговиње, четирицикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од П.К.(31) од Тетово, се превртел на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Н.С.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судрија трактори во Скопско: пет лица повредени

На 31.08.2025 во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани– с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор „имт“, управуван од В.Р.(35) и трактор „имт“, управуван од М.Р.(31), двајцата од с.Љуботен, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Е.С.(46) од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Со закани за животот, изнудил над 300.000 денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(28) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „изнуда“.
Во период од октомври 2024 до 20.06.2025, пријавениот со закани по живот, во неколку наврати изнудил пари од оштетениот, нанесувајќи му вкупна штета од 356.000 денари.