Црна хроника
Се договорил да му го транспортираат возилото од Германија во Македонија: останал и без автомобил и без пари

Вчера во 15:30 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од лицето Б.„Н“ за сума од 5.000 евра.
Според пријавеното, во мај 2025 година во Сојузна Република Германија тој се договорил со лицето да му го даде неговото „фолксваген голф“ за да го транспортира во РСМ.
Како што е пријавено, откако му дал полномошно само за транспортирање, лицето без негово знаење и согласност ја средил царинската документација најверојатно со фалсификување на документацијата, по што возилото му го продал на друго лице од тетовско село. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило излета од автопат, тешко повредена 29-годишна велешанка

Вчера на автопатот „Гоце Делчев“, во атарот на селото Сушица, општина Петровец, се случила сообраќајна несреќа.
Патничко возило „Рено Клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Л.Ш. од Велес, излетало надвор од коловозот. Според информациите од МВР, Л.Ш. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од МВР информираат дека извршен е увид.
Црна хроника
Пешак тешко повреден од автомобил на кружен тек во Скопје

Попладнето на 30 септември, нешто по 17 часот, на кружниот тек на улицата Христо Татарчев во Скопје се случила несреќа.
Автомобил со скопски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител на селото Долно Количани, удрил во пешак кој се движел по делницата, соопшшти МВР.
Ударот бил силен, 54-годишниот човек од Агино Село паднал се здобил со тешки повреди во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Дрво се откачи од трактор и удри работник по ногата

На беровското место викано Долни Шабан, навидум секојдневна работна задача завршила со несреќа. На 19 јуни годинава, двајца мажи – еден од Берово и друг од селото Владимирово – се договориле заедно да истоварат дрва со трактор.
Додека пријавениот Ј.М. (38) го стартувал тракторот, едно од дрвата се откачило и со силен удар го погодило неговиот соработник Д.К. по ногата. Се здобил со тешки телесни повреди
Поради оваа несреќа, беровската канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против Ј.М. за кривично дело „предизвикување општа опасност“.