Црна хроника
Се заканувал со нож и украл пари од обложувачница – приведен крадец во Гостиварско
Синоќа, во 21.40 часот, во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 29-годишниот Б. Х. од ова село.
Тој се сомничи дека околу 20 часот во спортска обложувачница во селото со закана со остар предмет одзел пари од вработените и оштетил дел од инвентарот во објектот.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во Струшко
Вчера попладне, во 16.10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во нива во атарот на струшкото село Калишта била пронајдена граната од Првата светска војна во калибар од 95 милиметри, извести МВР.
Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола за понатамошна постапка.
Црна хроника
Во сообраќајна незгода тешко повредена жена од Гостивар
Вчера, во 10.50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Маврово – Дебар, во близина на Сенечки Ливади, патничко возило „фолксваген голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Т. М. од Гостивар, излетало од патот, извести МВР.
Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката, 49-годишната Л. М. од Гостивар, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, додаде МВР.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Возило удри во велосипедист: скопјанецот со тешки повреди однесен на Клинички
Вчера попладне, во 15.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на улицата Загрепска со улицата Питу Гули во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од 55-годишниот Т. П. од Скопје и го напуштило местото, извести МВР.
„Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.