Црна хроника
Се запали „мерцедес“ во скопско Бардовци
Синоќа, во 19.50 часот, во СВР Скопје, В. В. од селото Бардовци, Скопско, пријавил дека околу 16 во дворот од семејната куќа избувнал пожар во патничкото возило „мерцедес“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги вработил и им давал плата без да доаѓаат на работа: кривична пријава за поранешен градоначалник на Кичево и четворица кичевци
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ како и против Ф.А.(62) од кичевското село Зајас, А.Н.(38) од селото Србица, Х.Б.(37) од селото Црвевци и Б.С.(36) од селото Стрелци, за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“.
Според полицијата, првопријавениот Ф.Д. во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица.
Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос. На тој начин, Ф.Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130 000 евра и дозволил, другите пријавени лица да се стекнат со вкупна материјална корист во износ од околу 86.000 илјади евра од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари, иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело.
Црна хроника
Пијан удрил во паркирано возило: стружанец имал 2,25 промили алкохол во крвта
Вчера во 18:20 часот на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.М.(36) од Струга.
Претходно, тој управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(23) од с.Франгово, струшко.
По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека И.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти полицијата.
Топ
Кривична пријава за „даночно затајување“ против фирма од Струмица и двајца управители
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица, В.Ј. (35) и С.П. (44), двајцата од Струмица, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од КЗ.
Пријавениот правен субјект како даночен обврзник, а В.Ј. и С.П. во својство на управители на истиот, за периодот во 2024 година избегнувајќи законска даночна обврска, поднеле даночни пријави до Управата за јавни приходи, а го немале уплатено данокот кој го должат на утврдените сметки, со цел да се стекнат со поголема имотна корист или вредност.
Утврдениот, а неплатен данок е по основ данок на додадена вредност, и тоа за периодот од 01.04.2024 до 30.06.2024 година во вкупен износ од 1.340.048 денари и за периодот од 01.10.2024 до 31.12.2024 година, во вкупен износ од 8691 денари. На овој начин од страна на пријавените, за контролираните периоди во 2024 година, бил оштетен буџетот на Р.С.Македонија за вкупен износ од 1.348.739 денари.

