Црна хроника
Синот си го претепал неговиот татко

78-годишен маж пријавил во полиција дека бил нападнат од неговиот син.
Имено, вчера во 13.30 часот во СВР Скопје, 78 – годишник пријавил дека во скопско бил физички нападнат од неговиот син В.М.(51).
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар во куќа во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 09:10 часот во СВР Скопје, 75-годишната М.Д. од Скопје пријавила дека на 19.09.2025 околу 21:00 часот настанал пожар во нејзината куќа на подрачјето на Гази Баба.
М.Д. го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба излегле на местото.
Црна хроника
Изгоре „опел инсигниjа“ во Скопје, од пожарот зафатено уште едно возило

Денеска во 02:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред зграда на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје било опожарено патничко возило „опел инсигниа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 32-годишниот А.Л. од Скопје.
Од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „тојота лендкрузер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. (68) од Скопје.
Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Ограбена црква во Струмица

Во СВР Струмица било пријавено дека во периодот од 20:00 до 23:46 часот на 17.08.2025 со употреба на сила било влезено во црквата Свети Димитриј во Струмица и биле одземени пари и мобилен телефон.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.