Црна хроника
Син се заканил со нож на татко му, па го претепал

Денеска (21.07.2023), полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С. од скопско село, затоа што физички го нападнал својот татко и му се заканувал со остар предмет, држејќи го во соба.
Лицето било задржано полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка во својот двор во Кисела Вода пронашла куршум, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 37-годишната Е.П.И. од Скопје пријавила дека во нејзиниот двор на подрачјето на Кисела Вода пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбена златарница во Градскиот трговски центар во Кочани

Денеска во 03.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20.00 часот на 22.02.2025 до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Почина 21-годишен осуденик: бил донесен во Клиничката болница Штип со знаци на труење

Вчера во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип со знаци на труење бил донесен осуденикот Е.А.(21) од Штип, кој по кратко време починал.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.