Црна хроника
Син ја убил мајка си во Штип
Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип.
Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
18-годишна девојка од Србија пријавила дека такси возач ја допирал по телото во Гази Баба
Oсумнаесетгодишна девојка од Србија синоќа во полицијата пријавила попладнето била вознемирувана од такси возач на подрачјето на Гази Баба.
Според нејзината пријава, додека се возела во такси возило, возачот ја допирал по телото и ја бакнал.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
34-годишна жена нападната од сопругот во Скопје, тетовец пријавен за телесна повреда врз сопругата
Во полицијата во Скопје вчера попладне пријавила 34-годишна жена од скопско село дека претходната вечер, околу 19:30 часот, била физички нападната од нејзиниот сопруг, 38-годишниот С.М., со кого во моментов се наоѓаат во бракоразводна постапка. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
СВР Тетово, пак, поднесе кривична пријава против 58-годишниот Ш.Е. од Тетово, поради сомнение за кривичните дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 27 мај годинава, во семејниот дом, тој физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга.
Топ
Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје
Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“ дошло до инцидент со медицинско возило.
Според пријавеното, комбе „рено трафик“ на приватна здравствена установа, управувано од 55-годишниот Ж.А. од Скопје, нагло закочило при обид да избегне судир со друго возило кое веднаш го напуштило местото.
Од наглото кочење со тешки телесни повреди се здобила 26-годишната лекарка А.М., а со полесни повреди 41-годишната А.Р., двете од Скопје и вработени во установата. Повредите им биле констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Во возилото се превезувал и 89-годишниот Ј.Т., пациент со здравствени проблеми. Тој бил пренесен во „Св. Наум Охридски“, каде што лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

