Топ
Скопјанец загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Велес
Вчера, во 15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Велес и регионалниот пат с. Јурумлери – с. Суводол се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д. Т. (61) од Куманово, и патничко возило „ситроен берлинго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г. И. (50) од с. Јурумлери.
„На местото на несреќата од добиените повреди починал Г. И., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош“, велат од МВР.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи
Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со неговиот лик и име, во кои се промовираат различни производи.
„Никогаш не сум рекламирал, не рекламирам, ниту некогаш ќе рекламирам било каков производ. Кога ќе го прочитате моето име или ќе ја видите мојата слика покрај некој производ, а во последно време и видеа, сè е тоа злоупотреба. Ако има интервју – тоа е измислено. Не купувајте го тоа ѓубре“, напиша Пановски.
Тој ги повика граѓаните да не купуваат, како што наведе, „лажни препарати“ и да не ги „богатат криминалците“, додавајќи дека државата досега не презела соодветни мерки за заштита од ваквите злоупотреби.
„Државата со прст не мрдна да не заштити. Злоупотребата продолжува“, вели Пановски.
Тој посебно предупреди дека е опасно прекинувањето на редовната терапија пропишана од лекари и нејзино заменување со вакви производи, особено кога станува збор за терапија за дијабетес.
„Ве молам, споделете го ова и секое видео со мојот лик пријавете го како лажно. Не купувајте, а ако сте купиле – фрлете го“, апелира Пановски во објавата.
Македонија
Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“
Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна седница на која, како што соопштија од движењето, за првпат биле обединети сите политички групи во Советот околу ова прашање.
Со усвоените заклучоци, Град Скопје е задолжен да се обрати до Министерството за животна средина и просторно планирање со официјално барање да се испита работењето на Цементарница Усје и на сите големи индустриски загадувачи, како и дали целосно ги исполнуваат условите и обврските од дозволите за работа и важечката еколошка регулатива. Министерството треба во најкраток рок да го извести Градот за резултатите.
Истовремено, од Државниот инспекторат за животна средина се бара да спроведе серија ненајавени вонредни инспекциски надзори, со цел да се утврди фактичката состојба, почитувањето на еколошките стандарди и дозволените емисии, како и примената на мерките за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.
Советот ја повикува Општина Кисела Вода, врз основа на наодите и мислењата од надлежните институции, да води особена сметка при изработката на деталните урбанистички планови, а истата обврска се однесува и на останатите општини во составот на Град Скопје и на самиот Град, со цел усогласен и одржлив пристап во просторното и урбанистичкото планирање.
Дополнително, градоначалникот на Град Скопје е задолжен да се обрати до Владата за да се разгледа можноста за започнување постапка за дислокација на „Усје“ и на другите големи индустриски загадувачи на соодветни локации надвор од скопската котлина, согласно Законот за животна средина и Просторниот план.
Советничката, Катерина Цаневска, по гласањето на социјалните мрежу оцени дека со оваа одлука советниците застанале на страната на граѓаните и јасно се изјасниле за дислокација на, како што наведе, загадувачот надвор од Скопје.
„Сите заедно се согласија: дислокација на загадувачот Усје надвор од градот и скопската котлина“, нагласи таа.
Според Цаневска, со едногласно донесените заклучоци се отвора пат за целосна институционална проверка на работењето на „Усје“ и на другите големи загадувачи, како и за серија ненајавени инспекциски надзори за утврдување на реалната состојба на терен. Таа додаде дека идното урбанистичко планирање мора да се темели на овие наоди, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, а Владата да отвори постапка за дислокација на индустриските капацитети надвор од скопската котлина.
Топ
Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети
Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети.
Вчера во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.
Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

