Црна хроника
Скопјанец злоупотребил лични податоци на поранешната сопруга, заработи кривична пријава
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик.
На 22.09.2023, без согласност од неговата поранешна сопруга, ги злоупотребил нејзините лични податоци и на Фејсбук профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина, како и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци, со што ги направил јавно достапни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Четворица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во Скопје.
На 21.05.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Чаир, В.П.(46) од Радишани, скопско, пријавила дека на ул.„48“ во Радишани била касната од куче скитник.
На 21.05.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, К.Т.(62) од Скопје пријавил дека на паркингот на Универзитет Св.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник.
На 21.05.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.К.(75) од Скопје пријавил дека на ул.„Новопроектирана“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 21.05.2024 околу 19.30 часот во Полициската станица Шуто Оризари, Б.С.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен Ирец, нелегално влегол во Македонија
Вчера, околу 18.30 часот, на регионалниот пат Дојран – Валандово, на местото наречено Раскрсница за село Николиќ, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода 36-годишниот Ф. Ф. Ј. од Ирска затоа што при извршени проверки било констатирано дека илегално ја поминал границата од Република Грција во Република Северна Македонија, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
Црна хроника
Прегазена велешанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера околу 17.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, патничко возило „фолксваген кеди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот Е.К. од Горно Оризари, велешко, удрило во пешакот, 75-годишната М.Е. од Велес, извести МВР.
„Во несреќата М.Е. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.