Црна хроника
Скопјанец лажно пријавил разбојништво
Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Карпош расчистија случај пријавен на 5.10.2021 од страна на И. Б. (39) од Скопје, според кој на 4.10.2021, околу 12 часот, на кејот на реката Вардар, во близина на мостот „Газела“, од страна на три лица му било извршено кривично дело разбојништво, при што му биле одземени два мобилни телефона, соопшти полицијата.
По преземените мерки и активности, било утврдено дека едниот мобилен телефон од пријавата, почнувајќи од мај 2021 година, односно пред пријавувањето на кривичното дело, го користел 42-годишен скопјанец, со што се докажало дека И. Б. лажно пријавил кривично дело разбојништво, велат надлежните.
Против И. Б. ќе биде поднесена кривична пријава за лажно пријавување кривично дело според Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

