Црна хроника
Скопјанец нападнат и ограбен пред угостителски објект

Вчера, околу 18 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Индира Ганди, во близина на угостителски објект, две лица физички го нападнале С. Д. и со закана му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дете нападнато на автобуска станица во Центар од четири лица

А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26 април околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко.
За случајот, полицијата во Карпош ја алармирал родителот на момчето.
Од МВР велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на детето.
Полицијата трага и по две девојчиња на возраст од 11 и 14 години, кои исчезнаа во Скопје.
Црна хроника
Исчезнаа две девојчиња од Скопје на возраст од 11 и 14 години, случајот пријавен во МВР

Две девојчиња на возраст од 11 и 14 години исчезнаа во Скопје.
Случајот бил пријавен денес во полицијата во Шуто Оризари, од страна на родителите на девојчињата, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.