Црна хроника
Скопјанец обвинет за поседување оружје и дрога
Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе oбвинeние против 25-годишен скопјанец поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член, 215 став 1 и неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член, 396 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на обвинетиот на улицата Ѓорче Петров во Скопје биле пронајдени и одземени 15 куршуми во оловен калибар 22 LR, како и еден куршум во калибар 7,65 мм. Во исто време било утврдено дека тој неовластено, заради продажба, држел 129,51 грам наркотична дрога марихуана. Во домот на обвинетиот биле пронајдени остатоци од амфетамин и кокаин и една дигитална вага, на која е констатирано присуство на наркотични дроги.
Поради опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител побара продолжување на претходно определената мерка притвор, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

