Црна хроника
Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит
Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе обвинителен предлог против едно лице за тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 0.12.2019 година, провалил во куќа на улицата Финска во Скопје, насилно отворајќи ја заклучената врата од балконот со нож. По кратко пребарување, одзел златен накит во вкупна вредност од 63.960 денари.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности коишто очигледно укажуваат на опасност од бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
25-годишник загина во сообраќајка на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка
25-годишник загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане.
Како што информираат од СВР Куманово, вчера, околу 19:05 часот, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник, а потоа преминало во спротивната сообраќајна лента, предизвикувајќи директен судир со патничко возило „бмв“ управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.
– Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од возилото „БМВ“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од СВР Куманово.
Возачот С.Т. им подлегнал на повредите, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.
Топ
Кривична пријава за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 40-годишната Г.Ш. од село Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција“ и против 60-годишниот Г.Н. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.
Пријавената Г.Ш., во текот на 2024 и 2025 година во Тетово, во помошен објект од куќата на второпријавениот, овозможувала користење на сексуални услуги.
Додека Г.Н. со умисла и свесно помагал на првопријавената во вршење на услугите, ставајќи ги на располагање просториите од помошниот објект на својата куќа.
Црна хроника
60-годишна жена натепана на автобуска постојка
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

