Топ
Скопјанец почина на улица

Педесет и едногодишен маж, со иницијали Т.Т. синоќа бил пронајден починат на улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје.
МВР соопшти дека лекарот констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот била извршена обдукција и констатирано дека причина за смртта е срцев удар.
Претходно, МВР соопшти за смртта на таксист од Скопје, кај кој истотака немало траги на насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Монструм од Чегране (72) извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Маж од Гостивар пријавил во полиција дека 72-годишен старец ја допирал неговата 12-годишна ќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(72) од с.Чегране, гостиварско, постапувајќи по пријава од 34-годишен маж од Гостивар дека А.Д. во подрумска просторија на зграда во Гостивар извршил обљуба врз 12-годишната ќерка на пријавителот, односно ја допирал по телото и и ветил дека ќе и даде пари за да не му каже на родителот.
А.Д. е задржан во полициска станица, известен се јавен обвинител и Центарот за социјални работи Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Македонија
Обвинение за поранешниот директор на затворот во Шуто Оризари – допуштал осуденици да си одат дома и на приватни локации

Јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе обвинителен предлог против поранешниот директор на КПУ „Затвор Скопје“, Филип Андов-Сокол, и за уште седум вработени, поради злоупотреба на службената положба.
Според обвинението, тие во периодот од март до јули 2024 година овозможиле незаконски погодности за петмина осуденици, вклучително и спроведување до нивните домови и на други локации за приватни потреби, соопшти Обвинителството.
Постапката беше отворена во февруари против десет лица, но за две е донесено решение за отфрлање поради недостиг на докази. Тогаш беше соопштено дека петмина осуденици од затворот во Шуто Оризари незаконски биле привремено ослободувани по 8 до 10 часа.
Македонија
(Видео) Километарска колона камиони тргнати кон Блаце стојат заглавени на скопската обиколница поради пожарот

Колона камиони, шлепери и цистерни, долга повеќе од два километра, е заглавена на скопската обиколница иако сообраќајот за товарни возила утрово е пуштен по неколкучасовната забрана поради пожарот кај Блаце, кој се доближи до магистралниот пат, кој води кон граничниот премин. Товарните возила утрово се наредени на обиколницата уште пред клучката Мирковци до клучката на која се врти кон Приштина.
Од МВР велат дека во овој момент нема никакви забрани за сообраќајот кон и од граничниот премин Блаце.
„Веќе не се во сила забраните ниту за патнички ниту за товарни возила. Товарните возила од утрово се пропуштаат наизменично во координација со косовската страна за да избегнеме дополнителен метеж“, велат од МВР за „Макфакс“.
Сообраќајот кон граничниот премин Блаце вчера попладне беше целосно сопрен поради голем пожар над магистралниот пат Скопје – Блаце. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека пожарот кај Блаце сѐ уште активен, но делот околу магистралниот пат е изгаснат.
„Пожарот кај автопатот е целоно изгаснат. Пилотите, кои утрово го гаснат истиот пожар, но на другата страна, јавија дека се забележува мало чадење кај каменоломот, но тоа е во внатрешноста, далеку од автопатот“, вели портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова.
Кај Блаце, на повисоките делови, сѐ уште гори мешана шума и ниска вегетација, а во гаснењето, покрај противпожарните бригади, учествуваат и два хеликоптера на МВР.