Топ
Скопјанка загина во тешка сообраќајна несреќа во Чаир
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/soobrakjajka.jpg)
Седумдесет и деветгодишна жена од Скопје загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утрото на улицата „Македонско- косовска бригада“ во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата се случила меѓу „опел корса“, управувано од Н.А.(30) од Скопје и „фолксваген пасат“, управувано од З.З.(21) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса“, А.Е.(79) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Мицкоски од Собранието: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам инвестиции и реформи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mickoski-sobranie.jpg)
Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана до мера на непрепознатливост каде институциите се доведени пред буквална пропаст и незапаметена нефункционалност. И за се ќе биде известена јавноста, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во експозето како мандатар за новата влада на денешната собраниска седница.
Мицкоски додаде дека ова не го говори како изговор туку дека одлучно ќе се одговори, затоа што оваа генерација нема опција за неуспех и заедно ќе мора да направиме големи чекори напред.
– И затоа нема да барам никакви 100 дена меден месец, туку најавувам фуриозен почеток на проекти и нови инвестиции веднаш. Впрочем немавме ниту една секунда изминатиов период. Веќе во вторник најавувам нова инвестиција над 400 милиони евра, потоа ќе ги намалиме даноците, покачиме пензиите, ќе обезбедиме пари за капитални проекти. Доста времето се трошеше на измислени теми, и етнички прашања, време е да се засукаат ракавите решат проблемите и ова да биде влада на економија и развој. Тоа го сакаат сите, истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека носечка цел е да се обнови довербата во институциите на државна власт, да се елиминира корупцијата и да се обезбеди владеење на правото.
Централно место во нашата животна мисија е економското заживување. Ќе започнеме нов силен циклус на економски раст, поттикнат од стабилни јавни финансии. Поддршка за конкурентен приватен сектор и значајни инвестиции во иновациите и во информатичката технологија. Нашата цел е да создадеме продуктивни и добро платени работни места, да ја намалиме невработеноста и да поттикнеме средина каде што бизнисите можат да се развиваат, рече Мицкоски.
Топ
Во несреќа кај Глумово повредени четири лица меѓу кои и деца, едниот од возачите побегнал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/soobrakajka.jpg)
Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат кон селото Глумово, скопско.
Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“, кое побегнало и местото и „ауди“ управувано од 27-годишната Б.Љ. од Скопје.
„Аудито“ излетало надвор од коловозот, а со тешки повреди се здобила 49-годишна сопатничка, додека Б.Љ. и двајца малолетници се здобиле со телесни повреди.
Сите биле пренесени на Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје.
Полицијата извршила увид.
Македонија
Постои опасност пожарот во Кичевско да навлезе во букова шума – се гасне од земја, од воздух, а се приклучи на населението
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/pozar-mkd.jpg)
Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните е активен се уште пожарот во реон кај селото Цер, Кичевско.
Пожарот избувна на 17 јуни на местото викано „Рамнин“, во атарот на селото Цер (Општина Кичево), каде што почнала да гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ во Кичево, ДЗС и МВР, информираат од ЦУК.
Во текот на вчерачниот ден, Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во 7 до 8 наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот.
И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира.
За денеска е планирано во утрински часови Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ со својата екипа, а и месното население да интервенираат заедно со воздушна поддршка од страна на МВР на гасење на пожарот .
Другите седум пожари на отворено се изгаснати целосно.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.