Црна хроника
Скопјанка истепана од нејзиниот сосед
69-годишна жена од Скопје пријавила дека била истепана од нејзиниот сосед.
Според полицијата вчера во 12.50 часот во СВР Скопје, П.Ж.(69) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Д.П.(51) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел пари од баба му и мајка му: под истрага малолетник од Пехчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 08.07.2025, пријавениот од паричникот на неговата баба одзел пари, а на 10 и 11.07.2025 од платежната картичка на неговата мајка од банкомат во два наврати подигнал парични средства.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.
Топ
53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран
Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново.
Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот е дадено на обдукција.
Лицето, како што соопшти полицијата е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

