Топ
Скопјанка тешко повредена кога во неа удрил автомобил

На крстосницата од булеварот 12. македонска бригада со улицата Димитар Туриманџовски, во утринските часови на 31 јануари, автомобил „фолксваген венто“ удрил во пешак, односно 41-годишна жена од Скопје.
Автомобилот со кумановски регистарски таблички го управувал 35-годишник од кумановското село Лопате.
Жената била пренесена на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од СВРж Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Свет
Трамп ги коментираше изборите во Германија: Ова е одличен ден

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија.
„Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на многу важни и долгоочекувани избори. Слично како и во САД, народот во Германија се умори од политиката без здрав разум, особено во однос на енергијата и имиграцијата, кои преовладуваат со години. Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на Доналд Џ. Трамп. Честитки до сите – претстојат уште многу победи“, рече тој.
Излезноста на овие избори, 84 отсто, беше највисока од обединувањето на Германија.
Европа
Мерц: Победивме

Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ е победник на предвремените парламентарни избори во Германија, а десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД) е втора политичка сила, според првите излезни анкети.
Фридрих Мерц, лидерот на Демохристијаните (ЦДУ), им се обрати на поддржувачите во Берлин по објавувањето на излезните анкети.
„Победивме на овие избори“, изјави тој со громогласен аплауз.
Неговата партија, заедно со нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), освои вкупно 29 отсто од гласовите, според непотврдените излезни анкети.
„Она што сакам да им го кажам на нашите гласачи е ви благодарам што ја дадовте довербата во нас, во мене лично и во нашата партија, бидејќи знам што значи тоа во однос на одговорноста“, продолжи тој.
„И јас сум свесен за обемот на работата пред нас. Ја преземам таа одговорност со најголема почит“.
Тој нагласи дека е неопходно брзо да се формира коалиција.
„Надворешниот свет нема да не чека“, рече тој.
„Сега ќе разговараме меѓусебно и мора да формираме одржлива влада во Германија што е можно поскоро – влада која може да дејствува врз основа на мнозинство“.