Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу „киа“ и „фолксваген голф“ во Делчевско: две лица повредени

Во Полициската станица Делчево вчера во 08.15 часот било пријавено дека кај место викано „Тузлучка маала“ кај с.Бигла, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(25) од с.Бигла, делчевско и патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Л. (73) од Делчево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил П.Л., а со телесни повреди се здобила Н.И., констатирани во здравствена установа.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Tинејџери се тепале пред средно училиште во Аеродром

Во текот на вчерашниот ден пред средно училиште на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Т.(18) и 17-годишник, двајцата ученици во училиштето, а бил употребен и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 42-годишен маж на пат кон Австрија, недостапен е на телефонот, МВР истражува

Вчера во Полициската станица Драчево 22-годишен жител на село Батинци пријавил дека неговиот вујко, 42-годишниот Н.Д., исчезнал откако тргнал кон Австрија.
Според пријавата, мажот заминал на 21 октомври со намера да патува кон Република Австрија, но по заминувањето не бил достапен на телефон и не се јавувал на своите блиски.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и утврдување на сите околности поврзани со неговото исчезнување.
Црна хроника
Му ја одзеле возачката во странство, а во Македонија пријавил дека ја изгубил, заврши со кривична

Полицијата поднесе кривична пријава против 30-годишен жител на селото Новак, општина Центар Жупа, осомничен дека дал лажен исказ за да добие нова возачка дозвола.
Како што соопшти МВР, осомничениот Н.И. на 29 септември годинава во управните служби пријавил дека ја изгубил возачката дозвола и поднел барање за издавање нова.
Но, по спроведената проверка, било утврдено дека неговата изјава не била точна. Возачката дозвола, како што покажала истрагата, му била одземена од полициски службеници во една странска држава.
Поради тоа против него е поднесена кривична пријава за „давање лажен исказ“.