Црна хроника
Со метална шипка им се заканувал на вработените во „Македонска пошта“

Непознато лице со метална шипка им се заканувало на вработените во просториите на АД „Македонска пошта“ под Железничката станица – Скопје.
Настанот се случил вчера по претходно недоразбирање, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против тетовец: по расправија истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 27.05.2025 во угостителски објект во Тетово, по претходна расправија, пријавениот физички нападнал едно лице, при што употребил нож и му нанел убодни рани.
Црна хроника
Со возило излетал од автопатот Скопје – Велес и удрил во сообраќаен знак: тешко повреден 67-годишник

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје- Велес, после клучка Хиподром, 67-годишниот Б.Г. управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Г., констатирани во приватна болница во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична против државјанин на Албанија: измамил две лица од Тетово за 11.000 евра

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.M.(59) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на 2024 година, пријавениот довел во заблуда две лица од Тетово со ветување дека ќе им отвори фирма во странска држава, за што им наплатил 11.000 евра за наводно средување на документи.