Црна хроника
Со шест мигранти во автомобилот се превртел на кров
Скопјанец кој илегално превезувал мигранти во својот автомобил изгубил контрола над него урдил во метален столб на улица во Струмица, по што се превртел на кров.
Имено, во понеделникот, околу 3.30 часот во Струмица, на ул.„Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода во која А.М. (26) од село Инџиково, скопско, управувајќи автомобил „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и удрил во метален столб за улично осветлување и се превртел на кров.
Во возилото превезувал шест илегални мигранти, државјани на Сирија и на Пакистан. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците С.Х. (47) од Сирија и Н.Н од Пакистан. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.М. (23) од Пакистан и А.А. (21) од Пакистан. Сите тешко повредени со медицински возила, поради сериозноста на повредите, биле префрлени во Ургентен центар Скопје, а додека останатите по укажаната медицинска помош се пуштени на домашно лекување.
Во возилото како сопатник бил и М.Х. (20) од Сирија.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. За настанот е известен и Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

