Црна хроника
Спречен обид за криумчарење дрога, откриени измами и запленети пари…
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија обид за криучарење дрога, открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани пари, оружје и муниција, цигари, возило со бункери, делови за возила, тестови за бременост и облека.
На граничниот премин Табановце, при контрола на шведски автомобил, со кој за излез од државата се пријавиле двајца шведски државјани биле откриени две таблети екстази и 1,5 грама марихуана.Таблетите екстази биле пронајдени во паричник сместен помеѓу предните седишта, додека марихуаната била пронајдена во зипер кесичка, сместена во кутивче од тутун за жвакање, која се наоѓала на патосот кај задните седишта.
При контрола на грчки автомобил со кој за влез во државата, на граничниот премин Богородица, се пријавиле двајца грчки државјани, кај кои биле пронајдени 30 илјади евра. Во преградата за документи и во преградата меѓу предните седишта, биле пронајдени вкупно 50 илјади евра. Согласно законските прописи, на двајцата патници им биле вратени по 10 илјади евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а против возачот е поднесенно барање за поведување прекршочна постапка.
При контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица биле откриени 60 штеки цигари Pall Mall. Непријавените цигари, пронајдени во просторот зад задното седиште и багажникот, се привремено задржани а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
На граничниот премин Табановце автопат привремено е задржан италијански автомобил во кој биле откриени специјално подготвени бункери наменети за криумчарење стока, кој пријавен за излез од државата, а бил управуван од албански државјанин. Имено, со вадење на задната клупа од горе наведеното возило и отварање на страничните тапацири од десната и од левата страна, пронајдени се две специјално направени електронски брави и две празни шуплини облепени со текстилен материјал за криумчарење на стока. Против возачот е отпочната соодветна постапка.
Во текот на минатата недела се откриени три обиди за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно тарифирање на стока, од кои два обиди во царинската испостава Гевгелија и еден обид во царинската испостава Прилеп.
Во царинската испостава Прилеп, увозник од Прилеп пријавил за увозно царинење метални кутии – амбалажи за пакување, со потекло од Кина, декларирани во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 3 отсто. Поради сомневање во правилното декларирање на стоката, била земена мостра и доставена за анализа во царинската лабораторија. Од извршената анализа било утврдено дека производите треба да се распоредат во друга тарифна ознака со пропишана стапка за царински давачки од 15%. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака биле пресметани дополнителни давачки во износ од околу 308 илјади денари.
Во царинската испостава Гевгелија, во два случаи, увозници од Скопје, пријавиле за увозно царинење додатоци за добиточна храна, декларирани во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0 отсто и стапка за ДДВ од 18 проценти. Поради сомневање во правилното декларирање на производите, во двата случаи се земени мостри, и испратени за анализа во Царинската лабораторија.
Од извршените анализи констатирано е дека, во двата случаи, добиточната храна со трговски назив Saltech треба да се распореди во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 30 отсто и стапка за ДДВ од 5 проценти, додека добиточната храна со трговски назив Yea-K треба да се распореди во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0 отсто и стапка за ДДВ од 5 проценти. Врз основа на новоутврдените тарифни ознаки пресметани се дополнителни давачки во износ од околу 13 илјади денари. Покрај тоа изготвени се записници за тарифна ознака и спроведени се прекршочни постапки со мандатни казни против увозниците./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

