Црна хроника
Спречен обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра
Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје во средата спречиле обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра, соопшуваат од Царинаската управа.
Имено, во средата на аеродромот Александар Велики, за излез од државата се пријавил македонски државјанин М.Љ. кој требало да патува преку Истанбул за Дубаи. При детална царинска контрола на патникот, во појасот под блузата му биле пронајдени две паковки обвиткани во бела хартија облепена со проѕирна селотејп трака, во паковките биле пронајдени 107 илјади евра.
Согласно Законот за девизно работење (резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2 илјади евра) на лицето му се вратени две илјади евра, а 105 илјади евра се привремено задржани. Против лицето е поведена прекршочна постапка.
Во прекршочните постапки кои се водеа во текот на 2016-та година поради непочитување на Законот за девизно работење, Царинската управа привремено задржа девизи во противвредност од 604.394,00 евра и 199 илјади денари.
По однос на девизни прекршоци (сторени во 2016 година или претходни години, но одлуките по прекршоците станале конечни и извршни во 2016 година) во Буџетот на РМ во 2016 година трансферирани се околу 127,6 милиони денари (девизи во противвредност 2.081.758,00 евра)./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

