Црна хроника
Србин кој во Ресен сакал да купи јаболка поради измама останал без 2.000 евра
Жител на Ресен измамил 40-годишен српски државјанин од Лесковац, кој дошол кај него со намера да откупи јаболка.
Според информациите од МВР, во текот на вчерашниот ден Србинот В.Ш.(40) заедно со неговиот син дошле во магацинот на ресенчанецот У.А. каде гледале јаболка за откуп. Потоа се префрлиле во деловните простории каде што У.А. им побарал 2.000 евра за да им спакува 20 тони јаболка за наредниот ден, а тие ја извршиле исплатата.
Кога пријавителот од Србија забележал дека лицето не му понудило писмен договор, а немало ниту печат, туку се потпишал на обичен бел лист хартија, му рекол да му ги врати парите. У.А. му ветил дека ќе му ги врати на друга локација, но не се појавил. Тогаш В.Ш. сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полициска станица, од каде се преземаат мерки за целосно расчистување на истиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

