Црна хроника
Средовечна жена загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторник попладне на регионалниот пат Битола-Прилеп.
Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген пасат“ управувано од лице, жител на битолското село Трн, на возраст од 31 година, и автомобил марка „опел вектра“ управувано од жител на Прилеп, на возраст од 58 години.
На лице место починала сопатничка во возилото „Опел Вектра“, на возраст од 55 години, додека, пак, со тешки телесни повреди се здобил возачот кој поради сериозноста на повредите е транспортиран на лекување во Скопје, и една сопатничка од „пасатот“.
Веднаш по добиената информација за случената сообраќајна несреќа, на лице место е извршен увид од страна на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со увидна екипа при МВР ПС Прилеп и стручно лице од областа на сообраќај.
Обвинителството издаде наредби за подигање и обезбедување на траги од местото на настанот и наредба за обдукција врз телото на починатата за утврдување на причините за смртта. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Трагедија на работното место: 53-годишен скопјанец загина во производствена хала
Работник на 53-годишна возраст загина вчера при извршување работни задачи во производствена хала во фирма кај Новоселски пат.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 декември 2025 година во 08:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека С.А. (53) од Скопје се здобил со тешки повреди од машина, по што починал на самото место.
Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош, а на местото на настанот бил извршен увид.
Црна хроника
Два случаи на семејно насилство за два дена: сопруги нападнати во Скопје и Штип
Два одвоени случаи на семејно насилство се пријавени во текот на изминатите денови во Скопје и Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 12 декември 2025 година околу 12:00 часот, во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со Б.А. (68) од Скопје, по претходна пријава дека на 9 декември физички ја нападнал својата 66-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во вториот случај, на 13 декември 2025 година во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Д. (71) од Штип, по пријава дека на 12 декември околу 14:30 часот физички ја нападнал својата 77-годишна сопруга и ѝ упатувал закани. И за овој случај, по целосно документирање, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен 28-годишен штипјанец: ѝ се заканувал на мајка си, кршел низ домот и ѝ го одзел телефонот
Полициски службеници го приведоа 28-годишниот З.М. од Штип, откако неговата 53-годишна мајка пријавила дека ѝ упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и ѝ го одзел мобилниот телефон.
Како што информира полицијата, настанот бил пријавен на 12 декември 2025 година околу 13:40 часот, по што полицијата интервенирала и го привела осомничениот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Фото: Pexels (илустрација)

