Топ
Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом.
МВР соопшти дека мажот бил во алкохолизирана состојба.
Од извршениот увид не се констатирани траги на насилство, велат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Битола – Граничен премин „Меџитлија” е нормализиран, извести АМСМ.
Од 16 часот, на регионалниот пат Р-1101 Битола – Прилеп, кај клучката за село Тополчани, поради сообраќајна незгода, сообраќајот за товарни моторни возила е во прекин, а патничките возила се пропуштаат наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Докторка затекната при примање поткуп во битолска болница: најостра осуда од Министерството за здравство

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури.
„Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство.
Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем.
Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност“, соопштуваат од МЗ.
ОЈО Битола и СВР Битола постапуваат за кривичното дело примање поткуп од осомничената докторка. Се уште се преземаат дејствија, извести Обвинителството и најави повеќе информации во текот на утрешниот ден.
Македонија
Незгода на патниот правец Битола – Прилеп: сообраќајот во прекин за тешки моторни возила, патничките се пропуштаат наизменично

Од 15:45 часот поради вршење на увид на сообраќајна незгода на магистрален пат А-3 Битола – Државна граница Маџитлија кај рас, село Кравари за село Бистрица сообраќајот ќе биде пренасочен низ село Бистрица по регионален пат Р-2333.
Во 16:00 часот на регионалниот пат Р-1101 Битола – Прилеп кај клучка село Тополчани поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот за тешките моторни возила ќе биде во прекин, а патничките возила ќе се пропуштаат неизменично, извести АМСМ.