Црна хроника
Струмичанец на семејна прослава бил турнат од лице од оркестарот: паднал и тешко се повредил
Струмичакнка пријавила дека нејзиниот сопруг бил турнат на прослава од едно лице од оркестарот па паднал и тешко се повредил.
Според полицијата, вчера во СВР Струмица, Д.П.(74) од Струмица пријавила дека за време на семејна прослава на 18.08.2023 во угостителски објект во Струмица, нејзиниот сопруг Ѓ.П.(74) бил турнат од едно лице од оркестарот, по што паднал и се повредил.
Ѓ.П. бил пренесен во Општа болница Струмица, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.