Црна хроника
Струмичани украле 160 вреќи компир од камион
Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија попладнево од СВР Струмица.
Во сопштението се наведува дека полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.
– Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. го сториле делото. Со сите лица се извршени службени разговори, истите го признале делото, по што од Ј.А. и М.А. биле одземени 160 вреќи со компир, кој ги одзеле при вршење на кражбата и истите се вратени на сопственикот,стои во полициското соопштение.
Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Охриѓанец приведен откако со дрвен предмет и нож нападнал сограѓанин
Полициски службеници од СВР Охрид синоќа, на 31 јануари 2026 година во 23:20 часот, го лишиле од слобода Г.А. (49) од Охрид, по пријава за насилен инцидент што се случил на улицата „Марко Нестороски“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрвин со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон него. Со брза интервенција на полицијата, напаѓачот бил приведен, со цел спречување на понатамошна ескалација на насилството.
По целосно документирање на настанот, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, согласно законските прописи.
Црна хроника
Седумдесет и петгодишен маж е најден починат во шахта
Седумдесет и петгодишен маж вчера е пронајден починат во шахта за водовод во гостиварското село Дебреше, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Вчера попладне С.Р., жител на Дебреше во полиција пријавил дека во шахта за водовод лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ. (75)“, се вели во полициското соопштение.
На местото на настанот, увид извршиле јавен обвинител и екипа на криминалистичката полиција.
Телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.
Црна хроника
При контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од деца
Министерството за внатрешни работи информира дека се одземени ножеви и боксирач од малолетници при вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во периодот од 14:00 до 16:00 часот во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
-При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви, се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР посочуваат дека сите малолетници се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.

