Топ
Татко осомничен за убиство на тримесечно бебе во Скопје – го удирал со раце и нозе по главата

Тримесечно бебе починало откако таткото го истепал, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото.
Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишниот татко за кривично дело убиство.
„Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крвавење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало“ соопшти обвинителството.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да се обиде да влијае врз сведоците, па дури и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра.
Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.
Свет
Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за завршување на војната, изјави канадскиот премиер Марк Карни на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Како што објави Укринформ, Карни рече дека Путин постојано поставува нови услови и ги одложува работите затоа што се плаши од состанокот. Според канадскиот премиер, Зеленски е подготвен да се сретне со Путин на која било неутрална територија.
Премиерот на Канада нагласи дека Зеленски не очекува Путин да дојде во Киев или дека самиот ќе патува во Москва за таков состанок. Сепак, секоја неутрална локација би била прифатлива, додаде Карни.
Тој рече дека е клучно сојузниците на Украина да продолжат да даваат поддршка додека не се одржи таков состанок.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Од украинска страна, сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти, што би можело да биде чекор кон завршување на војната со Русија, како и дека „сè ќе биде максимално подготвено за завршување на војната“ од украинска страна.
„Оваа недела ќе има контакти со Турција, ќе има контакти со земјите од Заливот, со европските земји, што може да биде платформа за разговор со Русите“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесува Укринформ.
Тој рече дека е важно земјите-партнери на Украина да го потврдат ова.
„Дури и во иднина, сè ќе зависи исклучиво од волјата на светските лидери, првенствено на Соединетите Американски Држави, да извршат притисок врз Русија“, нагласи Зеленски.
Според него, потребни се нови чекори и нов притисок преку санкции и царини за да се принуди Русија да ја заврши војната.
„Тукушто одржав состанок со дипломатскиот тим – Министерството за надворешни работи, Канцеларијата, сите. Подготвуваме нови контакти со лидерите на земјите партнери. Очекуваме дека наредните недели ќе бидат многу активни“, додаде Зеленски.
Фото: принтскрин