Црна хроника
Татко физички ја нападнал малолетната ќерка

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.К.(60) од с.Лажани, прилепско.
Toj се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Имено на 22.06.2024 во с.Лажани, пријавениот физички ја нападнал неговата малолетна ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Кривична пријава против директорка на Специјализираната болница Отешево: ја злоупотребила службената положба

СВР Битола поднесе кривична пријава против 68-годишната А.П. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против 60-годишната М.Д. од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Првопријавената, како директор на Јавна здравствена установа-Специјализирана болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година склучила три договори на дело со лице од Ресен, од кои, потпишала само два, додека третиот е потпишан од трето лице, за негово работно ангажирање за изведување на градежни активности, но лицето воопшто не било присутно и ангажирано во установата.
Исто така, првопријавената, користејќи го задолжениот токен, во текот на наведениот период ги одобрила и потпишала налозите за исплата од жиро сметката на установата, за сума во вкупен износ од 145.904 денари, за кој износ му нанела штета на Министерството за здравство.
Второпријавената, како правник и советник за човечки ресурси, ги изготвила конкретните три договори на дело, без согласност од лицето, ги искористила неговите лични податоци и број на трансакциска сметка од банка, со што преку исплата на финансиски средства, по основа на фиктивно извршени услуги, на установата и нанела штета во износ од 145.904 денари.
Црна хроника
Тепачка во болницата „8 Септември“: двајца скопјани ги нападнале вработените

Вчера во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И.(33) од с.Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
Топ
Автомобил удри во велосипедисти од Исланд, учесници на Младинските европски олимписки игри, пренесени се во болница

Вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд.
Според информациите на МВР тие се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.