Црна хроника
Тајванци нападнале полицаец во Скопје
Во попладневните часови на 9 мај во прифатниот центар за странци во Скопје пет лица од Тајван физички нападнале полициски службеник.
Од МВР кратко информираат дека полицаецот извршувал службени дејства во моментот на инцидентот, а полицијата работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 17-годишно дете во напад на автобуска постојка во Центар
Синоќа од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од скопско.
Според пријавеното, на автобуска постојка на подрачјето на Центар тој бил физички нападнат од неколку лица, објави МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен дебарчанец синоќа бегал од полицијата оти возел „мерцедес“ пијан и без дозвола
Синоќа во 1.30 часот по полноќ, полицијата во Дебар го приведе 23-годишниот А.Љ. од овој град, откако претходно управувајќи „мерцедес“ се дал во бегство.
Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол, велат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова се случува во момент кога во фокус на јавноста е ужасот од завчера на улицата „Партизански одреди“ кога беше усмртена 22-годишната Фросина Кулаков од 20-годишен возач без дозвола, кој истотака управувал возило под дејство на алкохол.
Топ
Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци
Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци. Починатата била пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица.
Додека, по преземени мерки од полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР и по извршени вештачења и анализи во координација со ОЈО Кавадарци, обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото.
ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик – „убиство“, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена и И.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.