Црна хроника
Тепачка меѓу две групи кај „Чаирчанка“ поради долгови
Деветнаесетгодишен жител на скопското село Никиштане пријавил во полиција дека доцна синоќа кај место викано „Чаирчанка“ на ул.„Цветан Димов“, поради нерасчистени должничко доверителни односи и претходна расправија, пријавителот и Љ.Е, Р.С. и А.А. биле физички нападнати од Б.Ј, Е.Н и уште едно непознато лице, кои што во нападот употребиле нож, секира и копач.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со мопед удрил во метален столб на Партизанска: две лица тешко повредени
Денеска во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
„Ауди“ удри во мопед во Битола: тешко повреден 65-годишен маж
Во СВР Битола, вчера во 11.30 часот било пријавено дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист по удар од автомобил во Струга
Вчера во 14.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците „Владо Малески“ со „Пабло Неруда“ во Струга, патничко возило „цитроен“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Г.(52), удрило во велосипед, управуван од Б.М.(47), двајцата од Струга.
Во несреќата Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на незгодата извршила екипа на ОВР Струга.