Црна хроника
Тетовец ги изгубил парите, а во полиција лажно пријавил дека бил нападнат и ограбен

Синоќа, во 20.30 часот, во СВР Тетово бил повикан С. К. (21) од Тетово, кој еден час пред тоа пријавил дека на улицата Маршал Тито во Тетово, околу 13 часот бил физички нападнат од три лица и повреден со остар предмет, при што му биле одземени и пари.
По преземените мерки и активности, набргу било утврдено дека тој лажно пријавил измислувајќи го случајот откако на друго место ги изгубил парите.
Според полицијата, по целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на улицата „Даме Груев“ во Охрид, предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.
З.С. е задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.