Црна хроника
Тетовец осомничен за недозволена продажба на дрога
Во автомобил „хамер“, во преградата меѓу двете предни седишта, тетовец криел кокаин и марихуана, известува МВР.
Според информации од надлежните, а постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство во Тетово донело наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Порој за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниви по Кривичниот законик.
Осомничениот, на 12 април, во преградата меѓу двете предни седишта на автомобилот „хамер“, со тетовски регистарски ознаки, неовластено држел 99,91 грама наркотична дрога кокаин, како и наркотична дрога марихуана со засега неутврдена маса, спакувани во повеќе помали пакувања. При претрес на автомобилот биле пронајдени и две мали дигитални ваги.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување притвор за осомниченото лице.
Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, известуваат надлежните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

