Црна хроника
Тетовец под истрага за чување оружје и муниција во својата куќа
Тетовското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 68-годишен жител на тетовското село Церово, во чија семејна куќа биле пронајдени оружје и поголемо количество муниција.
Како што информираат од МВР, на 11 октомври при извршен претрес во домот на осомничениот пронајдени биле 15 куршуми во калибар 7,62 милиметри долго зрно, 11 патрони ловна муниција во калибар 12 милиметри, 2 патрона ловна муниција од 16 милиметри и ловна пушка „бокерица“ во калибар 12 милиметри, без фабрички број.
Тетовецот се товари дека сторил кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Основниот суд Тетово на осомничениот му определил куќен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

