Црна хроника
Тетовец си ја истепал сопругата, поседувал и ловечка пушка
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (1 јануари), во 16 часот го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец З. Ј., кој претходно бил пријавен од 36-годишната сопруга дека во куќа во тетовско село, каде што престојувале, физички ја нападнал и ѝ се заканувал.
При лишувањето од З. Ј. била одземена ловечка пушка со 45 куршуми, сопственост на дедо му.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вознемирувал жена од Центар за згрижени лица и нападнал полицаец
Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од полициското одделение Сарај го привеле Х.М.(46) од Скопје, со престој во с.Чичино село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал од 45-годишна жена од Центарот за згрижени лица во с.Чичино село.
Потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале мерки по пријавата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче
Вчера во 18.35 часот во полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека на место викано „Чатал“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возач со автомобил удри во велосипедист и тешко го повреди
Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(56) од с.Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.