Црна хроника
Тетовец ја избодел девојката со нож, па сам се пријавил во полиција
Четириесет и деветгодишен тетовец со нож ја избодел девојка си, а потоа се пријавил во полиција.
Според информациите на МВР, против А.Б.(49) од Тетово е поднесена пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“.
На 1 септември во 7:55 часот во Полициската станица Тетово, А.Б. пријавил дека истиот ден околу 7 часот во семејната куќа во Тетово со нож ја прободел В.М. (49) од Тетово, со која живеел во вонбрачна заедница. Потоа, В.М. била пренесена во Клинички центар Тетово каде ѝ биле констатирани шест убодни рани во пределот на градите, вратот, грбот и дланките, а поради сериозноста на повредите била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

