Топ
Тешка сообраќајка во Горно Лисиче – две лица тешко повредени

Синоќа на улицата 1523 се случила сообраќајна несреќа помеѓу „мерцедес“ управуван од Б.П.(41) од Скопје и „цитроен“ управуван од М.М.(30) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.М. и малолетен сопатник во неговото возило, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител и против четири правни лица поради основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ.
Првопријавениот Б.Ф. во период од 2013 до 2023 година, извршил серија на истородни противправни дејствија со цел намалување на даночната основа за пресметка и плаќање на данокот на добивка, со кои дејствија го сторил кривичното дело „Даночно затајување“ од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ.
Даночното затајување го вршел преку фирмите „БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ“, „БИБАЈ ДООЕЛ“, „ПРО ТИРЕ ДООЕЛ“ и „РАЕН ДООЕЛ“.
Обвинетиот се сомничи дека префрлал средства на основ на позајмици на своја и сметка на правните лица, кои потоа не биле евидентирани во даночните биланси и не биле отпишани по истекот на законските рокови.
Првопријавениот Б.Ф со намера да ја намали даночната обврска за утврдување на данок на добивка со цел да одбегне плаќање на данок, во име, за сметка и во корист на пријавените правни лица, во периодот од 2013 до 2023 година, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10% во вкупен износ од 16.085.644 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на Република Северна Македонија, со што првопријавениот Б.Ф го сторил кривичното дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ” од член 279 ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од КЗ на РСМ, а пријавените правни лица го сториле кривичното дело “ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ” од член 279 ст.4 в.в ст.1 и ст.2 од КЗ на РСМ.
Македонија
Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.
„СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата.
Од СДСМ најавија и изјава пред зградата на Владата пред да ги предадат документите.
Македонија
„Каде завршија 1,2 милиони евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага“, велат од ДУИ.
„Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо управување од страна на општинската администрација.
Граѓаните на Чаир заслужуваат јасен одговор: Каде се инвестирани овие пари? Кој ќе сноси одговорност за овој скандал?
ДУИ бара надлежните институции да спроведат детална финансиска контрола за да се разјасни како се управувани овие средства и дали постои злоупотреба. Транспарентноста и одговорноста се обврска кон граѓаните, и никој не смее да се крие зад политички игри кога станува збор за нивните пари“, соопшти ДУИ.