Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Стајковци, возачот починал на лице место
Дваесет и двегодишен маж починал во тешка сообраќајна несреќа кај клучката Стајковци.
Управувајќи го своето возило од марката „фолксваген голф“ мажот ја загубил контролата и удрил во метална ограда и бетонски ѕид. МВР соопшти дека во автомобилот имало две патнички, од кои едната била 14-годишно девојче од Скопје кое се здобило со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила четириесет и деветгодишната Х.А.
По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охродски“, Х.А. била пуштена на домашно лекување, додека 14-годишното девојче било однесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде била задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

