Црна хроника
Тешка сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, петмина повредени и хоспитализирани
Пет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа при судир на три возила изутрината околу 10 часот на автопатот Тетово-Гостивар. Сите пет повредени се однесени во гостиварската болница за укажување лекарска помош.
„На автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила: „сеат леон“ со гостиварски и „фолксфаген голф“ и „фиат“ со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, со повреди се здобиле вкупно пет лица кои веднаш се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош“,информираат од СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

