Црна хроника
Тешко повредени двајца струмичани кои се лизнале од мост и паднале во провалија
Двајца струмичани се здобиле со тешки телесни повреди откако се лизнале од мост и паднале во провалија под него.
Како што информираат од МВР, во текот на вчерашниот ден било пријавено дека во Струмица, на рекреативната патека кон црквата „Свети Илија“, струмичаните Б.К.(57) и М.С.(63), по минувањето на мостот кај место викано „Црвен Дол“, во еден момент се лизнале и паднале во провалијата под мостот.
Од екипа на противпожарната единица во Струмица лицата биле извлечени од провалијата и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болница, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.
Б.К. поради сериозноста на повредите потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од три лица во Скопје кои му барале пари
Малолетник синоќа бил нападнат од три лица, кои претходно му побарале пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Мигранти од Непал фатени во обид илегално да ја преминат границата со Грција
Синоќа, во 22.50 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција.
Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основниот суд во Гевгелија.
По негови насоки, ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу две возила во Кумановско
Вчера, во 6.25 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с. Макреш, атар на с. Макреш, општина Старо Нагоричане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат кордоба“, управувано од Ј. С. (45) од Куманово, и патничко возило „рено меган“, управувано од А. С. (36) од с. Канарево, Кумановско, двете со кумановски регистарски ознаки.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот Ј. С., а неговиот сопатник С. А. и другиот возач А. С. добиле телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.