Црна хроника
Ограбен магацин на Министерството за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика во полициската станица Карпош доставило записник за извршена тешка кражба во магацински простории на оваа институција.
Според записникот, меѓу 17 и 18 минатиот месец во кругот на Касарната Илинден, поточно во две магацински простории на министерството каде што ја складираат робата, од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба.
Кражбата била извршена така што сторителот се прекачил преку еден од прозорците и влегол во магацинот од каде одзел разновидна стока: женски кондури, женски балетанки, чинии, ремени, женски сандали, зимски обувки, чанти, играчки, маици, женски фустани и машки кошули.
Со извршеното кривично дело сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 524.900 денари. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.