Црна хроника
Тешко повреден маж по удар од „пежо“, возачот побегнал
																								
												
												
											Вчера, околу 2 часот, во Полициската станица Берово било пријавено дека на локалниот пат за с. Двориште, Беровско, патничко моторно возило „пежо 206“, со беровски регистарски ознаки, управувано од Д. Т. (58) од с. Двориште, удрило во Ќ. Р. (40) од с. Смиланци, Радовишко.
По ударот, лицето го напуштило местото на настанот, но подоцна возачот бил пронајден.
Во несреќата тешки телесни повреди добил Ќ. Р., констатирани од лекар во Медицинскиот центар во Струмица.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Црна хроника
Краделе тутун од фолии и сушници во Василево и Босилово, направиле штета од 500.000 денари
														Полицијата уапси три лица за кражба на тутун од фолии и сушари во Василево и Босилово со што направиле штета од 505.000 денари.
Според информациите од МВР, СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Е.И.(21), Т.Ф.(20) и Т.Д.(31), сите од с.Старо Балдовци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека во периодот од 06.08.2025 до 15.10.2025 од фолии и сушари, сопственост на жители на неколку населени места од општините Василево и Босилово, одзеле сув тутун. На тој начин тие им нанеле штета од 505.000 денари.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец за обљуба врз малолетната поќерка
														Четириесет и шестгодишен скопјанец е уапсен под сомнение за обљуба врз неговата малолетна поќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 46-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз неговата малолетна поќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредено 12-годишно дете во автобус на ЈСП
														Дванаесетгодишно дете се здобило со тешки повреди во автобус на ЈСП откако возачот закочил нагло.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од село Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возела во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

