Црна хроника
Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа меѓу „југо“ и мотоцикл
Синоќа, во 18.50 часот, во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ ,со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф. А. (54) од Кичево и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кичево.
Во несреќата малолетникот добил тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Расчистена кражба во Велес, уапсени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот
Синоќа, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес.
А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца
Кавадаречкото Обвинителство споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15 години.
Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон.
Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.
Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.
Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.
Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

