Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист, изгубил контрола и паднал на патот

Вчера, во 17.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека околу 16 часот, на регионалниот пат Скопје – Тетово, И. М. (22) од с. Мала Речица, Тетовско, управувајќи мотоцикл „пијаџо“, со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата стешки телесни повреди добил мотоциклистот констатирани во Клиничката болница во Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Разбојник влегол во магацин во Скопје, го претепал чуварот и избегал

Разбојник влегол во магацин во Скопје со намера да изврши кражба. Кога бил начекан од чуварот на градилиштето, разбојникот го претепал и избегал.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- разбојничка кражба.
Осомничениот 29-годишник, на 12.10.2024 година, влегол во магацин на објект во градба на булеварот „Борис Трајковски” за да одземе разновиден електричен алат, калориметри и други предмети во вкупна вредност од околу 363.000 денари. Кога при кражбата бил затекнат од чувар на градилиштето, осомничениот употребил сила и закана дека ќе го убие, физички го нападнал со тупаници по лицето и тешко телесно го повредил. Потоа побегнал, носејќи со себе една вреќа украдени предмети.
Имајќи предвид дека осомничениот и претходно бил осудуван за кражби, како и начинот на кој го извршил ова дело, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и опасност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај

Е.А.(20) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 12.05 часот во с.Сарај, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН Македонија, бил физички нападнат од едно машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Скопјанец нашол рачна бомба во својот двор

А.С.(47) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје пронашол експлозивна направа.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба, стар модел, која била кородирана.
Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.