Топ
Тинејџерка од Охрид физички нападната од маж кој пред неколку месеци се обидел да ја злоставува

Седумнаесетгодишна охриѓанка во полицијата пријавила физички напад.
„На 28.08.2022 во 22,00 часот во Полициска станица Охрид, 17 годишна охриѓанка пријавила дека во aприл 2022 во близина на маркет во Охрид А.Ј. (кого го познавала од претходно) физички ја нападнал и ја бакнувал, а се обидел и да ја допира по телото, но тaа го спречила и се одалечила од местото на настанот, а потоа во јуни 2022 година во угостителски објект во Охрид А.Ј. физички ја нападнал. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Пожарите ќе се гаснат со пренаменети армиски и полициски возила кои 8 години биле запуштени, рече Мицкоски

Полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години биле целосно запуштени, се пренаменети за да ги гаснат шумските пожари.
Премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на презентацијата на 38 возила (уште 5 дополнително ќе бидат доставени), рече дека државата е подготвена да се справи со сезоната на пожарите.
„На овој начин државата заштедува неколку десетици милиони евра, а капацитетите за интервенција се зголемени повеќекратно“, рече премиерот.
Мицкоски додаде и дека оваа недела се очекува да се врати вториот авион за гаснење пожари од сервис, додека третиот треба да пристигне до крајот на месецот или почетокот на август. Исто така, во функција се ставени и по два армиски и полициски хеликоптери.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на настанот изјави дека се работи за моќни теренски возила со пумпи и цистерни, кои веќе се оперативни.
„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.
Ангелов порача дека ова лето „гранката нема да му треба“, истакнувајќи ја подготвеноста во споредба со минатото.
На воениот полигон Пепелиште, присуствуваа и потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, пришто беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.
Македонија
(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со пожарите, благодарение на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
„Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, рече Ангелов, алудирајќи на импровизираната одбрана од пожарите кога едно од ланските видеа на кои гасне пожар со гранка стана вирално на социјалните мрежи. Тој информираше дека државата располага со нови противпожарни ресурси распределени низ институциите и министерствата, како никогаш претходно.
„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.
На воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Мицкоски, потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.
Забава
Македонецот Никола Станишиќ победник на „Ѕвездите на Гранд“, во финалето ја запеа „Ако утре ме нема“ од ДНК и им ја посвети на жртвите од „Пулс“

Македонецот Никола Станишиќ е победник на регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, освојувајќи ја титулата со најмногу гласови од публиката – дури 138.714. Големото финале почна во саботата вечер и траеше до раните утрински часови.
Во финалето учествуваа 20 кандидати, а Станишиќ триумфираше пред Елвис Мешиновиќ (второ место) и Зоран Ружиќ Ферари (трето место).
Станишиќ, роден во 2000 година, живее во Скопје и веќе настапува со свој бенд и надвор од Македонија. Вниманието го привлече со интерпретациите на македонски песни.
Во финалната вечер, Никола ја изведе песната „Ако утре ме нема“ од ДНК, која ја посвети на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.