Црна хроника
Тинејџер од Кавадарци фотографирал банкарска картичка од маж во теретана, па си пазарел онлајн
Полицијата во Кавадарци до Обвинителството поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи.
„На 23 јануари во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8948 денари. Исто така, на 26 јануари на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари“, објави МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

