Црна хроника
Тинејџер повреден со остар предмет во автобус на ЈСП од неколку малолетници
Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, Б.О.(18) од с.Никиштани, скопско, пријавил дека околу 18.20 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Карпош, бил физички нападнат од неколку малолетници, а еден од нив му нанел повреди со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кучиња скитници искасале жители на Скопје и Велес
Вчера во 15.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.Д.(72) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 14.08 часот во Полициската станица Велес, З.Д.(44) од Велес пријавил дека на улица „Вера Циривири“ во Велес бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Мопед удрил во малолетничка, па во паркирано возило во Скопје
Вчера во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лондонска“ и ул.„Варшавска“ во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.О.(35) од Скопје, удрил во малолетничка, а потоа и во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ф.С.(50) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Средно Коњари, пронајдено оружје, приведено едно лице
Вчера во 17 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот С.К. од село Средно Коњари, скопско.
При претрес во неговото патничко возило „бмв“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени автоматска пушка, пиштол „Чешка зброевка“, еден карабин со оптички нишан и куршуми.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.