Топ
Тренчевска доживеа сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш, повреден нејзиниот возач

Вчера во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип – Радовиш, во близина на с.Лакавица, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија, управувано од Г.А.(53) од Скопје, во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и вработена во кабинетот Н.Д. од Скопје, и патничко возило „фолксваген пасат” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.Ј.(48) од с.Мокриево, Општина Ново село, со четири сопатници во возилото.
Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. Досега не се пријавени повреди од друго лице.
Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе и да им се приклучи на протестите.
„Марширам на секој марш, моето дете отиде, за кого марширам? За вашите деца, тие што ги имате дома, оти утре не дај боже ќе ви се случи и вас истото. Да не кукате и вие како што ние кукаме и да одите по гробиштата“, рече таткото.
Тој ги повика кочанчани да не стравуваат ако им се врши притисок оти мнозинството секогаш победува. Ги повика и членовите на општинските комитети од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да им се придружат.
„Страшен е овој живот што го живееме сега, ни отидоа дечињата. Прашајте нѐ како живееме“, рече таткото.
Родителите како и претходните саботи маршираа низ градот, со слики од децата во рацете. Побараа одговорност од МВР, како и средба со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Топ
Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја нападнал својата сопруга.
Нападот се случил вчера, а мажот бил во алкохолизирана состојба. Тој првин ја навредувал сопругата, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата.
„Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па влечејќи се успеала да стигне до дворот и од таму повикала помош“, соопшти Обвинителството.
Се бара протвор за осомничениот.
Македонија
ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ преговара за поддршка на кандидатите за градоначалници во некои општини. Портпаролот на партијата Никола Мемов, рече дека очекувааат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ да завршат кон крајот на месецот.
„Разговараме за повеќе општини, дефинирано е Куманово, неколку општини во Скопје и повеќе помали општини низ цела држава. Кога ќе завршат разговорите, кога ќе го имаме конечниот договор со владиниот партнер, низ процедурите на органите на партијата ќе бидат дефинирани кандидатите и ќе бидат соопштени во јавноста“, изјави Мемов.
Прашан што точно преговараат со ВМРО-ДПМНЕ, односно дали ќе одат со заеднички кандидати, со заеднички листи или пак се преговара за поддршка во втор круг, портпаролот на ЗНАМ изјави дека партијата на овие избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници.
„Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник од ЗНАМ, во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе биде поддржан од нивна страна и тие нема да имаат кандидат во тие општини. Зборуваме за целосна взаемна поддршка на кандидатите уште во првиот круг“, рече Мемов.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес конференција информираше и за одлуките на Централниот одбор, во проширен состав, на вчершната седница, меѓу кои едногласна одлука за почеток на вториот бран на активности, под мотото: „Со срце за нашата општина“, како и а отпочнување постапка за евидентирање на кандидати за советници за локалните избори.
„Само чесни и посветени луѓе, со силна морална и етичка основа, ќе го понесат товарот на одговорноста пред државата и граѓаните. Критериумите за истите се јасни и недвосмислени: етички капацитет, јасна заложба за заштита на државните интереси, почитување на сите етнички заедници, посветеност на европските вредности“ рече портпаролот на партијата Никола Мемов.
Најави дека караванот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе го посети секое населено место, ќе влезе во секоја месна заедница и заедно со граѓаните ќе ја напише програмата за локалните избори.
На вчерашната седница, Централниот одбор го назначил Горан Минчев, генералниот секретар на партијата, за шеф на Централниот изборен штаб. Одлука, која како што нагласи Мемов, се темели на резултати.
Мемов на прес конференцијата ги информираше новинарите и за Вториот изборен Конгрес што ќе се одржи за седум дена, на 29 јуни, во недела, а на кој ќе бидат избрани претседател на партијата, нов состав на Централниот и Надзорниот одбор, со полн четиригодишен мандат.